Следниот претседател на САД ќе треба да се справи со стратегијата СИРИЈАК- Курди во Ирак, Курди во Сирија, Курди во Турција

од desk3
149 прегледи

Со оглед што се случува во Алепо , јасно е дека режимот на Башар Асад има превласт. Дамаск е утврден и поохрабрен од било кога, и Асад нема да биде отстранет од власт во скоро време. Руското воено присуство во земјата од септември минатата година е од голема корист за режимот. Во такви околности, следниот претседател на САД ќе треба да развие нова политика за Сирија. Како што сум го претставил случајот во минатото, новото размислување за Сирија ќе треба да признае дека границата меѓу Сирија и Ирак веќе не постои.

kurdi
Поради местото каде се започнува, треба да биде признаено дека исто како во случајот со Авганистан и Пакистан, ниту со Сирија, ниту со Ирак ќе може да се работи одделно. Како признание за тоа колку двете страни мора да се третираат на начин кој ќе ја признае нивната поврзаност, администрацијата на Обама ја нарече својата авганистанска стратегиска политика “Аф-Пак”, кога тој дојде на власт во почетокот на 2009 година.

На сличен начин, кој и да дојде на власт во 2017 година, ќе треба да има стратегија “СИРИЈАК”, со која ќе биде призната длабоката врска меѓу Сирија и Ирак. Основниот предизвик на СИРИЈАК е очигледен: сунитите и во двете земји се надвор власта. Сунитите во Ирак веќе немаат држава. Американската инвазија во Ирак стави крај на вековната сунитска хегемонија во земјата. Додека новата ситуација на шиитски контрола во Ирак одговара на демографската реалност во земјата, случајот со Сирија е различен.

“Стратфор”: Европа се крши на 4 нивоа, настапува времето на националните држави

За разлика од Ирак, Сирија е земја со сунитско мнозинство. Назад на демографската реалност, сунитите во Сирија беа управувани во последните неколку децении од алевитскиот режим на малцинството. Фактот дека сунитите како во Сирија и во Ирак сега се надвор од власта е главната причина да се појави организација како “Исламска држава во Ирак и Левант” (идил).

kurdi2

Во релативно краток рок ИДИЛ стана единствената слична држава заедница, способна да предложи дом на незадоволните сунити.

Предизвикот пред следниот американски претседател во контекст на политиката кон СИРИЈАК ќе биде интеграцијата на сунитите од Сирија и Ирак со постоечкиот државен систем без промена на границите. Тоа е тешка задача. Одржување на алевитите, сунитите и Курдите во Сирија во рамките на обединета држава, може да биде невозможно. На ист начин сунитите, шиитите и Курдите во Ирак се наоѓаат подеднакво подготвени да ја споделат власта во отсуство на заеднички концепт за идентитет.
Во прилог на сунитското прашање друга причина зошто следната американска администрација ќе треба да размислува за Сирија и Ирак заедно е курдското прашање. Во контекст на СИРИЈАК Курдите ќе бидат први кои ќе побараат да имаат своја сопствена држава. Курдите во Ирак веќе имаат де факто функционална држава. Курдите во Сирија се во процес да формираат таква. Курдите во Ирак основаа автономна курдската регионална влада (КРП) под водство на претседателот Масуд Барзани. Турција има одлични односи со КРП. Само што Курдите во Сирија се наредени до Работничката партија на Курдистан (ПКК). И не е изненадување што Турција е одлучно решена да ја запре појавата на државичката на ПКК во северен Сирија. Може да се каже дека турската реакција на автономната курдска држава во Сирија би била многу толерантна, ако Барзани беше успеал да ги контролира сириските Курди. Затоа следната американска администрација треба да посвети повеќе време во истражување на можноста за поголемо единство на курдскиот фронт, под водство на Барзани и ирачките Курди. Тоа е дополнителна причина следната американска администрација да ја прифати политика за СИРИЈАК. Време е да се размисли за иднината на Сирија и Ирак како за една иста. Курдските и сунитските прашањата на Сирија и Ирак повеќе не можат да се третираат како изолирани еден од друг.
————— Омер Ташпинар, “Тудејс Заман”.