Следните денови се пушта во употреба Поликлиниката Сарај

од Nikola Popovski
544 прегледи

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека изградбата на Поликлиниката Сарај при Здравствен Дом – Скопје е во завршна фаза и во следните денови треба да биде пуштена во употреба.

– Ново, убаво, чисто и средено! Изградбата на Поликлиниката Сарај е во завршна фаза и за неколку денови ја пуштаме во употреба! Горд сум што изминатиов период направиме сериозно зајакнување на јавното здравство преку инвестирање во инфраструктурата, набавка на нова медицинска опрема, нови лекови и вложување во човечкиот капитал како една од најважните карика во здравствениот систем, истакнува Меџити.

Регионалната поликлиника во Сарај од 1.600 м2 ќе опфати услуги како дневна амбуланта за семејна медицина, стоматологија, педијатрија, лабораторија, сала за рентген и аптека.

Истата ќе биде дел од Здравствениот дом во Скопје и ќе опслужува речиси 45 илјади жители од овој регион на главниот град кои немаат никаква поликлиника во општината, а најблиската е во општина „Ѓорче Петров“.

Слични содржини