Следните топ-модели на „Huawei“ најверојатно ќе ги видиме на 27. март

од Vladimir Zorba

Веќе разбравме дека оваа година „Huawei“ нема да го користи мобилниот конгрес во Барселона, за да ги претстави следните модели во серијата „Р“, и наместо тоа ќе организира самостоен настан потоа.
Кинеската компанија го потврди тоа, откако почна да шири кон медиумите покани за настан на 27. март во Париз, на кој ветува дека ќе објави „нови предводници“. Нивните имиња не се споменуваат, но речиси е сигурно дека тогаш ќе ги видиме наследниците на серијата Р10, која најверојатно ќе се вика Р20.

Премиерата ќе биде точно еден месец по СМК 2018, во рамките на кој минатата година беше претставен Р10. Во интерес на вистината во 2016 година „Huawei“ исто го претстави Р9 на самостоен настан кој се одржа во почетокот април во Лондон.

Според гласините ќе видиме три нови модели со име P20, P20 Plus и P20 lite, а првите два сигурно ќе се потпрат на чипсетот Kirin 970.

Се зборува дека ќе видиме дизајн со дисплеј „без рамка“ (веројатно исечен), подобрена камера „Leica“ со три сензори и дури систем за препознавање на лицето.

Слични содржини