Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи

од Nikola Popovski
20 прегледи

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи. Денеска времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Според синоптичарите, од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.

Слични содржини