Следува промена на времето, детална временска прогноза за следните денови

од Берта Китинска
262 прегледи

Преодна дестабилизација на времето се очекува денеска.

Синоптичарите најавуваат облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет степени, а дневната од 14 до 25 степени.

Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната до 23 степени.

Во петок времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Минимална температура од -2°C до 8°C Максимална температура од 17°C до 24°C

Додека пак за време на викендот во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минимална температура од 2°C до 10°C Максимална температура од 20°C до 26°C

УХМР предупредува и дека:

Ќе преовладува облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи. Утре и во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Слични содржини