Следува широк консултативен процес за францускиот предлог: „Имаме план и стратегија која дава резултат“

од Берта Китинска

Францускиот претседател Макрон изјави дека е најден компромис за спорот меѓу Скопје и Софија. Македонската влада соопшти дека примила предлог од Франција за надминување на блокадата.

„Предлогот е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите кои јавноста имаше можност да ги издискутира минатата недела. Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултат. Затоа, апелеирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе споделиме со јавноста релевантни детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно стратешките интереси на земјата и сите нејзини граѓани“,кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Своето обраќање Ковачевски го заврши со благодарност до сите што досега биле конструткивно вклучени во процесот по што новинарите добија шанса да постават прашања.
Историјата нема да е дел од преговарачката рамка.

Првата група прашања до Ковачевски беше дали Владата е задоволна од предлогот, особено што државниот врв во соседна Бугарија веќе кажа „да“, што сугерира дека таму е примен позитивно. Потоа, дали историјата ќе влезе во преговарачката рамка и дали внесувањето на Бугарите во Уставот ќе За експресниот став на Софија, Ковачевски кажа дека се должи на тоа што источниот сосед веќе имал процес на консултации во рамки на тамошните институции. Таков процес, објасни Ковачевски, кај нас не се случил, бидејќи Северна Македонија имала забелешки на претходниот предлог кој Бугарија, патем, го прифати.

Нема да прифатам менување на Уставот по бугарски барања

Пристигна во Скопје францускиот предлог за деблокирање на патот на земјава кон ЕУ, односно за симнување на бугарското вето кон Северна Македонија. Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјавил дека е најдено добро решение за спорот меѓу Софија и Скопје, решение кое би го отворило патот на Македонија кон ЕУ. Макрон ова го изјави на Самитот на НАТО во Мадрид, каде додаде дека следниве денови очекува предлогот да го разгледаат двете земји.

-Предлогот, кој според нашите информации е пристигнат во Владата, за нас е неприфатлив. Се прави обид да се создаде перцепција за некаков триумф. Овој модифициран предлог за кој се говори последните неколку часа го немаме видено. Но, врз основа на информациите со кои располагаме се работи само за два модифицирани збора. Се чудам од каде знае албанскиот премиер Еди Рама дека овој предлог е прифатлив за македонскиот народ. Од каде Рама ја има таа информација, а ние, заедно со сите граѓани ја немаме. Се работи за предавство на Владата на СДСМ и ДУИ и затоа предлогот се крие, истакна лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На директно прашање дали без разлика и на сопствената политичка судбина останува против менување на Уставот за да се стават и бугарите во него, Мицкоски децидно порача дека не прифаќа.

-Нема да прифатам менување на Уставот и се со цел за вметнување на бугарските барања во истиот. И да стојам на тоа и го повторувам и по цена на мојата политичка кариера, истакна Мицкоски.

Слични содржини