Слепите лица преку протест си ги побараа своите права

од Nikola Popovski
197 прегледи

Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата под паролата „Дајте ни ги правата“.

Тие тргнаа од хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ и држејќи се за јаже еден позади друг, стигнаа до пред зградата на Владата, каде што си ги побараа своите права.

Граѓаните побара зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, а од денешниот протест упатија и барање за средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Слепите лица сега за попреченост месечно земаат околу 7.500 , а за туѓа нега 4.700 денари. Бараат овие додатоци двојно да се зголемат и да се врзани со просечната плата.

Претседателот на Националниот сојуз на слепите Бојан Селковски истакна дека протестот следи откако на разговорите со Министерството за труд и социјална политика и со претставници од Владата не биле најдени заеднички решенија.

Селковски изрази надеж дека премиерот ќе ги повика на средба. Но, рече дека доколку не добијат никаков одговор ќе го свикаат Извршниот одбор и ќе се одлучи кои ќе бидат следните чекори.

Слични содржини