Слично како идејата на Груевски да стави парапетче околу Охридското езеро, вели Богоев за асфалтирањето во Градскиот парк

од Nikola Popovski
278 прегледи

Поранешниот градоначалник на Карпош и потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев упати критики поради асфалтирањето на дел од пешачките патеки во Градскиот парк. Богоев порача дека во цел свет има патеки од чакал во парковите како природен материјал.

-Температурата летно време со асфалтот ќе се зголеми за неколку степени. Ова е нешто слично како на Груевски идеата да се стави парапетче од 5цм околу Охридско езеро за кога ќе се донесе песок од Грција да не го земале брановите, објави Богоев.

Од Градот информираа дека со реконструкцијата во оваа фаза е предвидено да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк.

-Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса, истакна денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Слични содржини