Сликарката авангардистка Мило Моаре беше уапсена на Трафалгар сквер во Лондон, откако се подложи на јавно интимно пипање, пишува “Дејли мирор”.
Ексцентричната дама ја обиколи Европа во рамките на својот перформанс “Кутија-огледало” во кој таа нуди да биде пипана по градите и гениталиите од целосно непознати мажи на јавни места. Со акцијата швајцарската сликарка сака да го пропагира правото на жените да не бидат пипани.
Моаре става пред интимните делови кутија со дупка.Преку неа мажите кои треба да наполниле 18 години, можат да ја пипаат по интимните нејзини делови. По избор може и нејзините гради. Пипањето е со времетраење од 30 секунди.
Но лондонската полиција сметала дека претстава на Моаре го крши законот и таа беше уапсена. Швајцарката се обидела да ја објасни на одржувачот на редот целта на својата акција, но не сретнала разбирање од нивна страна.
