„Слобода превоз” ќе поведе судски спор за раскинувањето на договорот со Град Скопје

од Vladimir Zorba
160 прегледи

По однос на информацијата за раскинување на договорот помеѓу Град Скопје и „Слобода Превоз”, од здружението на приватни автобуски превозници информираат дека ќе ја оспорат таквата одлука и ќе поведат спор пред надлежниот суд.

– Што се однесува до вториот дел од соопштението на Град Скопје, уште еднаш повикуваме да не се изнесуваат лаги и невистини во јавноста и да се знае дека „Слобода Превоз” не протестира и не блокира сообраќајници. Протестите и блокадите се од страна на сите приватни превозници, кои се учесници во јавниот линиски превоз во Град Скопје, тоа се оние на кои ЈСП им должи пари, а Градот ги исклучува од превозот одземајќи им ги стекнатите права преку кои остваруваа приходи за егзистенција, се нагласува во соопштението од „Слобода превоз”.

Слични содржини