Слободен печат: Груевски бара амнестија за себе и за Мијалков, нуди целосно повлекување од политиката

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Добро упатени извори велат дека Груевски имал најмалку две директни средби со Зоран Заев, со посредство на странски дипломати. На тие средби лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал само едно – амнестија, но само за себе и за братучед му Сашо Мијалков. Аболицијата веќе не му е сигурна опција, пишува денешен „Слободен печат“, пренесуваПлусинфо.

gruevski_kultura[1]

За возврат, Груевски нудел повлекување од политиката. Според изворите, неговата понуда, барем засега, се отфрла со индигнација, пишува весникот.

Наспроти изјавите кои сведочат за тешката емотивна состојба во која се наоѓа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, клучната поента, а веројатно и главната причина за неговото интервју за порталот Телеграф, е неговата изјава дека не му било „приоритет“ да биде премиер. Претходно, Груевски „храбро“ ќе изјави дека бил подготвен дури и да биде елиминиран.

Денечен  „Слободен печат“ најавува дека ја открива позадината на овие чудни изјави.

Слични содржини