Слот и неговиот помошник добија суспензија од два меча, Ливерпул од клупата ќе го води поранешниот ас на Евертон

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Фудбалската асоцијација (ФА) му изрече суспензија од два натпревари на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот поради црвениот картон што го доби по натпреварот против Евертон.

По последниот судиски свиреж во дербито, дојде до тепачка во која Слот и неговиот помошник Сипке Хулшоф добија црвени картони, а ФА денеска соопшти дека се суспендирани на два меча, додека Слот е казнет и со 84.000 евра.

Тоа значи дека Слот и Хулшоф нема да бидат на клупата на вечерашниот премиерлигашки дуел против Њукасл, а на 8 март против Саутемптон.

Во отсуство на главниот тренер и првиот помошник, вториот помошник Џони Хејтинга ќе добие можност да го води тимот од клупата.

Она што е особено интересно е што 41-годишниот Холанѓанец е прославен ас на најлутиот ривал на Ливерпул, Евертон, за кого одигра 140 натпревари во пет сезони.

Слични содржини