Британската варијанта на коронавирус стана главна причина за нови случаи на инфекција во Словачка, изјави денеска премиерот Игор Матовиќ.
Матовиќ на Фејсбук објави дека владата ги проверила сите позитивни примероци на лабораториски испитувања на ПЦР во средата, а првичните резултати покажале дека 71% од нив се британска варијанта.
„Досега, од 1.360 клинички примероци на позитивни тестови за ПЦР, 71 процент е дијагностициран како Б.1.1.7 британска варијанта САРС-КоВ-2“, напиша Матовиќ.
Процентот беше уште поголем кај пациентите во универзитетската болница Луис Пастер во источниот словачки град Кошице, каде тестовите покажаа дека 91 процент од заразените ја носат британската варијанта на вирусот.
Словачка забележала 5.050 смртни случаи од коронавирус.
Според некои научници, британската варијанта е до 70 проценти позаразна од претходниот доминантен вид, а исто така може да биде и 30 проценти посмртоносна.