Словачка е втора членка на ЕУ што почна да користи „Спутник V“

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Словачка е втора земја во Европската унија што започна со имунизација со руската вакцина „Спутник V“, што не беше одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Словачка ја одобри вакцината на 26 мај и има на располагање 200.000 дози.

Сепак, досега само 5.000 луѓе се пријавиле за „Спутник V“, а првата земја на ЕУ што ја одобри беше Унгарија.

Тајната набавка на руската вакцина во Словачка предизвика политичка криза во март, што резултираше со пад на владата таму.

Словачка сè уште користи вакцини на „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“, сите одобрени од ЕМА.

Слични содржини