Словачкиот премиер Роберт Фицо денес го отфрли учеството на Словачка во Мировниот совет, формиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Фицо најави дека на утрешната седница ќе ѝ препорача на владата со благодарност да ја одбие поканата за учество во Мировниот совет, каде што членството чини една милијарда долари.
Според Фицо, станува збор за паралелна структура со неприфатливи членарини, пренесе ТАСС.