172
Најмалку четири лица загинаа во експлозија на гас во повеќекатница во словачкиот град Прешов, а голем број се повредени, јави словачката агенција ТАСР.
Спасувачките тимови се борат со пожарот, до кој дојде после експлозијата и се обидуваат да ги евакуираат сите од 12-катната зграда, поради стравот дека објектот може да се урне.
– Вџашен сум од трагедијата во Прешов, изјави парламентарниот спикер Андреј Данко. – Побарав помош од министерот за одбрана Петер Гајдош. Војската е на пат кон областа за да спречи евентуални други жртви. Се молам за сите засегнати од несреќата, рече Данко.