Словенечки медиуми: „Македонското Собрание се распушти пред предвремените избори”

од Берта Китинска
288 прегледи

Повеќето словенечки телевизии и интернет портали информираа за случувањата во Собранието и неговото распуштање.

Дневник во текст со наслов „Македонското Собрание се распушти пред предвремените избори” пишува дека ваквата одлука доаѓа по оставката на поранешниот премиер Зоран Заев.

– Решението да со оди на предвремени парламентарни избори доаѓа по одлуката на Европската Унија да не даде „зелено светло” за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија, што беше резултат на блокадата од Франција, напиша Дневник.

Државната Телевизија Словенија во извештајте посебен акцент даде на разрешувањето на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

– Македонската министерка е разрешена откако одржа прес-конференција пред табла со старото име на својата државата – информираше Телевизија Словенија.

Слични содржини