Женската одбојкарска репрезентација на Словенија го совлада Израел со 3: 0 во квалификациите за Европското првенство што се играше во Струмица, но може да се соочи со казна.
Словенките со убедливи 3:0 ги завршија квалификациите, со максимален ефект со шест победи. Сепак, најголемо внимание привлече потегот на почетокот на натпреварот.
Словенечките одбојкарки одбија да се ракуваат со Израелките, а бидејќи ракувањето е практика што е наложена со правилник, Словенките сега може да се соочат со казна од Европската одбојкарска федерација.
Израелките беа фрапирани од овој гест, иако на сите им е јасно дека поради геноцидот што се врши врз луѓето во Газа, не можат да очекуваат подобро добредојде на кое било друго место во светот.
„Во неспортски чин, Словенките не се ракуваа со израелските натпреварувачки на почетокот и на крајот од натпреварот, како што е вообичаено. Израелската делегација поднесе жалба до делегатот на натпреварот, кој го запиша во извештајот“, соопшти Одбојкарската федерација на Израел.
Израелската капитенка Галит Даваш на крајот од натпреварот рече дека „нема коментар за овој потег на Словенките, како и дека причината е кај нив“.
Инаку, Израелките ја имаа Струмица како алтернативен „домашен“ терен.