Фудбалскиот гигант „Манчестер Јунајтед“ склучи договор со „РБ Лајпциг“ за премин на словенечкиот напаѓач Бенјамин Шешко во англискиот клуб, потврди Фабрицио Романо.
Трансферот „тежи“ 76,4 милиони евра, со 8,5 милиони евра бонус, а словенечкиот ас со „Црвените ѓаволи“ ќе потпише договор за до 2030 година.
Шешко претходно јасно стави до знаење дека сака да премине во Манчестер Јунајтед, а го одби „Њукасл“. Њукасл понуди повеќе пари од Манчестер Јунајтед, но на крајот преовладеа желбата на Шешко да игра на „Олд Трафорд“.
Овој 22-годишен напаѓач важи за еден од најперспективните европски голгетери, а во Манчестер тријат раце, сметајќи дека го пронашле вистинскиот напаѓач, по промашувањата во изминатите сезони.
Во минатата сезона, Бенјамин Шешко на 45 натпревари постигна 21 гол за „Лајпциг“, а претходно играше за „Ред Бул Салцбург“.