Република Словенија не побарала од Република Македонија да ја затвори границата со Грција. Индикациите дека тоа сме го направиле, поради тешкотии во словенечката железничка мрежа се погрешни. Железничкиот сообраќај во Словенија се одвива непрекинато, така беше и во претходните денови. На пругите нема, ниту имаше непланирани прекини во изминатите денови, кои би оневозможиле транспорт на возовите, а „Словенске железнице“ и понатаму обезбедуваат непречен транспорт на возовите со мигранти, како што е договорено со Министерството за внатрешни работи на Република Словенија.
Словенија веќе една година повикува кон создавање на заедничко европско решение, бидејќи отсуството на истото на северот и на југот на Европа, предизвикува донесување на еднострани мерки, кои не го решаваат изворниот проблем: ограничување на миграциите. Имено, миграцискиот тек e сè уште силен – во Словенија секој ден влегуваат и до неколку илјади мигранти – на работ на Европа на влез чекаат повеќе милиони различни мигранти, напролет па се очекува овој миграциски тек да се интензивира. Грција е еден од клучните играчи при справувањето со миграцискиот тек, затоа мораме да ѝ помагаме, според зборовите на словенечкиот премиер, да ги спроведе сите договорени мерки за справување со околностите.
Границата е отворена, но само за бегалци чија дестинација е позната
Така пред неколку дена словенечкиот премиер Миро Церар испрати писмо со иницијатива до лидерите на Европската унија, дека треба на македонско-грчката граница да се воведе дополнителна контрола врз миграцискиот тек, при што земјите од ЕУ би ѝ ја нуделе на Македонија сета неопходна помош во спроведувањето на граничната контрола.
Прашањето за враќање на мигрантите во државите од западнобалканскиот пат, може да ги засили билатералните проблеми и конфликти помеѓу овие држави, затоа е значајно да ЕУ државите на предизвиците поврзани со миграциите реагираат заедно. Таквото решение би овозможило нормален прием на оние, кои ги исполнуваат условите за влез во Унијата, а на останатите мигранти би можеле да им помогнеме поблиску до нивните земји на потекло, истакна во писмото словенечкиот премиерот Церар.
И министерката за внатрешни работи на Република Словенија, Весна Гјоркос Жнидар вчера ја нагласи потребата за усогласено делување во сите држави на миграцискиот пат. Ако една држава ја затвори границата, предупреди дека другата држава ќе има џеб. При ограничувањето на прифаќањето мигранти во Германија и Австрија, за Словенија е значајна соработката со Хрватска. Таа додаде дека „Не можеме да примиме било какви обврски кон Австрија, без за тоа да се усогласиме со Хрватска“.
