333
45.000 парчиња трослојни медицински маски и 100.000 парчиња маски од типот KN95, со вкупна вредност од 113.500 евра денеска пристигнаа во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје,како донација од Владата на Република Словенија.
– Словенија на тој начин одговори на барањето на Владата на Република Северна Македонија за меѓународна помош за контролирање на ширењето на коронавирусот упатена до ЕУ односно до Центарот за координација на итни случаи (ERCC) и обезбеди материјална помош преку Владата на Република Словенија – соопштија денеска од Амбасадата на Словенија во Скопје.