Словенија испраќа засилување за гаснење на пожарите во Македонија

од Nikola Popovski
35 прегледи

Хеликоптер на словенечките вооружени сили и екипаж денеска ќе бидат испратени во Република Северна Македонија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари, објави словенечкиот медиум „24ur“.

Словенија одговорила на барањето на Македонија за помош во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Европската унија. По тој повод, официјална Љубљана испраќа хеликоптер „Кугар“ со екипаж, составен од припадници на Единицата за брзи интервенции при Министерството за одбрана на Словенија.

Нашата држава се соочува со големи шумски пожари, кои овој пат најмногу ги зафатија источните делови. Еден од пожарите однесе и жртва – постар маж почина по вдишување на чад.

Претходно овој месец, два хеликоптери на словенечката Армија помогнаа да се изгасне уште неколку пожари во Македонија.

Слични содржини