320
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово информира дека Словенија ќе ни помогне во справување со огнените стихии што ја зафатија нашата земја.
-Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин – Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас. Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј!#НиеСмеНАТО, објави Шекеринска.
ЦУК објави дека се уште има активни пожари на неколку локации низ земјава. Синоќешниот голем пожар што го зафати Кочани е локализиран и има само материјална штета.