Словенија: Наставниците и учениците ќе бидат тестирани секоја недела

од Nikola Popovski

Учениците и наставниците кои не биле вакцинирани против Ковид -19 или ја прележале заразата, ќе треба да се тестираат барем еднаш неделно, објави словенечката влада.

Владата изјави дека властите ќе ги сносат трошоците за тестирање на учениците. Во соопштението се посочува дека истите услови ќе важат за секој на возраст над 15 години кој учествува во спортски настани во затворени простории или во рекреативни активности.

Некои медиуми објавија дека образовните власти објавиле инструкции дека наставниците кои не исполнуваат одредени услови треба да бидат отпуштени.

Во изминатите 24 часа, 509 лица се заразени со коронавирус во Словенија.

Слични содржини