Словенија нема да воведува задолжителна вакцинација

од Nikola Popovski

Словенечкиот Уставен суд денеска утврди дека владината уредба со која се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници не е во согласност со уставот.

-Новото правило за задолжителна вакцинација требаше да стапи на сила на 1 октомври, но уставниот суд ја суспендираше владината одлука, откако некои државни службеници, вклучително и полицискиот синдикат, се побунија, објави агенцијата СТА.

Судот оценил и дека одлуката не може да се споредува со мерките воведени во Австрија, бидејќи таа земја вовела закон со кој е можно да се воведе задолжителна вакцинација во посебни околности.

Слични содржини