Словенија: Прв починат од Ковид-19 по скоро два месеци

од Vladimir Zorba
173 прегледи

По повеќе од месец и пол, во Словенија е забележана првата смрт на лице заразено со вирусот САРС-КоВ-2.

Вкупно 112 пациенти починале во Словенија.

Шест од 480 тестираните во последните 24 часа се позитивни за вирусот во Словенија, пренесува агенцијата СТА.

Хоспитализирани се 18 пациенти, еден помалку од вчера, но нема пациенти на интензивна нега.

Инфицирани се вкупно 1.946 лица, а тестирани се 120.536.