15
Словенија со закон ja забрани глорификацијата на нацизмот и фашизмот, а меѓу историските држави и организации, како и групите на кои се применува законот, се независната држава Хрватска и усташите, а пропишаните казни се од 500 до 1.000 евра.
Постојниот словенечки Закон за јавен ред и мир е изменет со член со кој се забранува употреба на нацистички и фашистички симболи – знамиња, ознаки, песни или униформи – како и однесување кое ги вознемирува другите преку употребата на овие симболи.
Предвидените казни се движат од 500 до 1000 евра.