Словенија: Состојбата во нуклеарната централа Кршко е стабилна и под контрола

од Vladimir Zorba

Состојбата во нуклеарната централа Кршко е стабилна и под контрола, соопшти денеска словенечката управа за нуклеарна безбедност, откако од електраната констатирале „ненормален настан“ поради големиот проток и високиот водостој на реката Сава.

„Нивоата на Сава сè уште не се доволно високи за да се закануваат“, изјави Томаж Немец од Дирекцијата за нуклеарна безбедност, пренесува агенцијата СТА.

Тој додаде дека се очекува по полноќ нивото на реката да почне да опаѓа.

Слични содржини