Словенија утре го презема претседателството со Советот на ЕУ: Би можело да има проблеми

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Словенија ќе го преземе претседателството со Советот на ЕУ по втор пат на 1 јули, но нејзиниот премиер Јанез Јанша може да предизвика непријатности во новата улога на европскиот паркет ако не ја скроти својата темпераментна реторика полна со политички страсти во коментарите на Твитер, проценуваат европските кругови.

Јанша пред три месеци ги сметаше за навреда критиките на некои членови на Европскиот парламент и европски претставници за односот на неговата влада кон новинарите и медиумите, порачувајќи им преку Твитер, како негов главен канал за комуникација, дека Словенија „не е Конго“ или дека нема да дозволи за нејзината слобода и демократија да „попуваат преплатени бирократи“.

Тој исто така го искористи стилот што го користи за борба против домашните политички ривали, кои ги нарекува левичарски екстремисти, симпатизери на стариот комунистички режим или дел од „длабока држава“ која делува надвор од институциите.

Дипломат: Би можело да има проблеми
Ова предизвика кревање на веѓите во Брисел и изјава на неименуван европски дипломат дека ако продолжи да комуницира на овој начин во својата нова улога, би можело да има проблеми.

Како што додаде дипломатот, не толку за механизмот на претседавање со Советот на ЕУ, туку за Словенија и нејзината репутација, бидејќи се очекува земјата-претседавач да ги брани вредностите и принципите на Унијата, и во дискусиите за нерешени прашања делува неутрално, додека спротивното однесување може да ја „труе“ атмосферата.

Слични содржини