615
Страшните поплави во Словенија предизвикаа и огромни штети на инфраструктурата, особено патиштата. Фотографиите од порталот Neurje.si покажуваат ретко видена штета во централниот дел на земјата
Овие фотографии се направени од Ајда Елершек во областа Полхово Градац, дваесетина километри западно од Љубљана.
На нив го гледаме асфалтот кој се издигнал како стуткана хартија, а деловите од патот кои се излизгале се буквално згмечени.
Во поплавите кои синоќа го зафатија северниот и западниот дел на Словенија, забележани се огромни штети.