Случај „Онишченко“: АНБ суспендираше двајца припадници од одделот за стратешка соработка

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) суспендираше двајца припадници од одделот за стратешка соработка. Тие не ја извршиле потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да дадат согласност дека нема безбедносен ризик за издавањето на македонско државјанство на Олександр Онишченко.

Онишченко државјанството го добил откако до Владата пристигнале четири позитивни мислења за одобрување. Иако Владата има дискреционо право во одлучувањето за државјанствата, сепак досегашната пракса е да се побараат мислења од релевантните агенции и институции. Онишченко добил четири позитивни мислења – од Коњаничка федерација, Македонски олимписки комитет, Агенција за млади и спорт и Агенција за национална безбедност.

Неговото барање за државјанство било поднесено пред две години кога спортското досие му било чисто, а немало информации за други контроверзии околу него.

Слични содржини