СЛУЧАИТЕ СЕ ИСТРАЖУВААТ: Две пријави за смрт по примена вакцина против ковид

од Берта Китинска
508 прегледи

Агенцијата за лекови МАЛМЕД добила пријави од лекари за сомнеж дека нивни пациенти починале после вакцинација против ковид .Едниот пациенти бил на 85-годишна, а другиот на 53–годишна.

-Едното лице починало после 2 недели од примањето на вакцината.Не е докажано дека пациентите починале од вакцините, туку е сомнеж за несакан ефект. Постојат голем број параметри кои треба да се испитаат, од што боледувало лицето претходно, каков живот имало, какви лекарства примало. Се прави комплетна обработка за да се докаже дали е навистина смртта поврзана со употребата на вакцината Таа обработка се прави во ИЈЗ и мислам дека има иницијатива таму да се направи комисија за посериозните несакани ефекти. Кога еден лек или вакцинација ако се пријави несакано дејство, не значи дека е последица на вакцината или лекот, рече Мерјем Хаџихамза, која е дел од работната група за следење на несаканите ефекти во МАЛМЕД.

Слични содржини