Случај „Меѓународен сојуз“: Одбраната на Јовановски одби да ги испрашува Богоев и Петровска, бараат УСБ-то да се прифати како доказ

од Nikola Popovski
362 прегледи

Градоначалниците на Карпош и Битола Стефан Богоев и Наташа Петровска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје да сведочат во предметот „Меѓународен сојуз“ по предлог на одбраната, но сепак тоа не се случи.

Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски одби да го испитува како сведок градоначалникот на Карпош Стефан Богоев. Тој образложи дека немаат намера да го испрашуваат се додека судот не го прифати како материјален доказ УСБ на кое има пет папки од разговори, снимки и документи на Јовановски со Богоев и Заев.

На уесбето, како што рече првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, се наоѓаат фотографии, снимки и докуметнација, со кои ќе ја побијат теоријата на обвинителството дека станува збор за фиктивни проекти за старски домови и за измама.

Пред судиите сведочеше директорката на Македонска авторска агенција, Нина Старделова која рече дека Бојан Јовановски, повеќе од 15 години примал хонорари преку агенцијата што таа ја води.

Во предметот, Бојан Јовановски-Боки 13 како првообвинет се товари за делата измама и перење пари. Заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и асистенката на Боки, Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во овие дела, а Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама. Таткото на Боки, Миле Јовановски, пак, е петтообвинет за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Слични содржини