Наташа Димитриевска денеска поднесе претставка во Судскиот Совет.
Сопругата на загинатиот Гоце Димитриевски кој го загуби животот по сообраќајката што во 2018 година се случи кај „Млечен“ во Скопје, поднесе претставка до против судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, која во петокот досуди условна казна за обвинетиот Васил Чорбаџиев.
Димитриевска ќе се обрати и до Советот на јавни обвинители со која ќе бара преиспитување на постапувањето на обвинителката која го водела предметот.
Основното јавно обвинителство денеска поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје, по приемот на пресудата по предметот за сообраќајната несреќа со смртни последици кај Млечен ресторан за која е изречена условна казна.
Во јавноста изминатите неколку дена се отвори голема дебата, откако судијката Елена Илиевска Јосифовиќ од Основниот кривичен суд Скопје на 4 септември годинава, изрече условна осуда на предизвикувачот на сообраќајната несреќа во која на 12.10.2018 година животот го губи 32-годишен возач на мотоцикл, а неговата бремена сопруга е тешко повредена и како последица подоцна го губи бебето.