Случај Навални: „Порака на Путин до Западот дека може да му помине сè и дека е недостапен за меѓународните закони“

од Nikola Popovski

Замолчувањето на најистакнатиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин не е ништо друго туку убиство. Навални имаше такви квалитети на ненадминат опозициски лидер, дури од затвор лоциран во гулазите на Сибир над поларниот круг да повика илјадници на антипутински протести во Москва. Реалзицијата на некаква револуција и едноставниот повик на подржувачите на Навални „Русија без Путин“ отсекогаш било кошмар за рускиот претседател, вели за „Локално“, Борис Камчев, известувач на МИА од Вашингтон и познавач на состојбите во надворешната политика.

Истакнува дека Навални беше во затвор под закрилата на еден тоталитарно-фашистички систем предводен од Путин и тоа што се случи со него укажува на сѐ поголемите репресивни тенденции на тој систем против какво и да било дисиденство. Систем кој што сега, додава Камчев е заснован на војната во Украина и неговото постоење сѐ повеќе зависи тоа каков ќе биде исходот од таа војна.

Според новинарот, нема сомнеж дека убиството на Навални е санкционирано лично од Путин.

-Со овој чин тој испраќа порака до Западот дека него може да му помине се, дека тој е недостапен за меѓународните закони и дека е аполутно неказнив: „Правам што сакам, не одговарам пред никого. Русија, нејзините суровини и ресурси, и нуклаерното оружје се под моја контрола, не се мајтепете со мене“. И најважната порака: „Прекинете ја воената помош за Украина или следуваат уште убиства на моите критичари“, било тие да се во Русија, во затвор или на слобода, или во земјите од  тој самиот Запад, и насекаде низ светот – крвавата рака на Кремљ е долга, смета Камчев.

Соговорникот објаснува дека граѓанското општество во Русија е речиси непостоечко. Полето за некаков активизам поврзан со зачетоци на изградба на демократија во земјата, слободен печат и независни медими или активности за заштита на човекове права, е целосно збришано.

-Договорот со Путин за некакво примирје во Украина е невозможен од неколку причини – кога и во март 2022 година, веднаш по почетокот на војната, имаше накакви обиди за преговори, учеснците од руска страна беа некакви анонимци. Гаранција дека ќе се случи истото ако се започнат такви преговори одново. Нема основа за преговори бидејќи Путин е одамна влезен во филмот на реалполитиката на победниците над Хитлерова Германија за поделба на Европа на сфери на влијание по Втората светска војна. Тој за Украина и НАТО бара неакаков нов Потсдам-Јалта со демилитаризација на Киев и повлекување и пензионирање на НАТО.

Вашингтон категорично одбива таков развој на настаните. Посбено учество во прегоор беа Украина. Блинкен и Бајден тоа досега о повторија можеби стопати. А претседателот Володомир Зеленски пак, не прифаќа никакви преговори со учество и влијание на Путин. Така што позициите никогаш не биле толку оддалечени. И сега, кога Вашингтон и ЕУ подготвуваат нови санкции како најмала казна за убиството на Навални, руско-американските односи се деградирани до точка на нивно целосно раскинување, порачува новинарот.

Борис Камчев

На прашањето дали Русија во моментов е заробена држава, Камчев посочува дека Русија е нуклеарна сила заземена од криминален режим занован на клептократија и поимот „заробена држава“ не кореспондира со руската реалност.

-Поточно би било да се кажа дека Русија е земја со „заробен народ“. Русите, нивнот социјаленн и интелектуален потенцијал што моментално крварат и истекуваат, разноликоста на етнички богатата култура и уметност, но руската литература по која сите ние бема заслепени во нашата младост, сето нејзино човечко и материјално богатство, се заробени од една тоталитарно-фашистичка група чие функционирање наликува на активноси на мафија. Кланови кои се постојано во некаков судир за милост пред „кумот“ кој стои на врвот на тој систем. Главната цел на „силовиките“ кои без пречки владеат со Русија веќе цела деценија, можеби од 2014 година и анексијата на Крим, е акумулација на капитал за лична корист и зашеметувачко богатење, при што тие себично, сурово и безмилосно ја бранат можноста за користење и уживање на тоа богатаство доживотно.

Единствена начин за догледна промена и „реформа“ на Русија е вмешување на надворешна сила. Со директна улога на силите на САД И НАТО во војната во Украина и победа над руската окупациска армија. Народот во Русија за жал не е кадарен за ангажман одвнатре и подигање на некаква народна револуција, бидејќи како што веќе кажав, полето за созревање на некаков ефектвен активизам е збришано, оценува соговорникот.

Истакнува дека бесполезно е да се анализира постфактум и да имало некакви преговори за размена на Навални со рускиот платен убиец Вадим Красиков.

-Читав некои извештаи дека Путин бил децидно против каква и да било размeнa на Навалани. Моментот на неговото убиство најверојатно дошол по неговиот повик на почетокот на февруари за уште еден масовен протест против Путин на денот на претседателските „избори“ закажан за 17 март. Единствениот човек од кој Путин чувстваше закана по својата власт беше Навални. Дали бил во затвор или на слобода, тој имаше такво влијание, ретка карактеристика за кој и да било друг опозиционер во Русија, да организира протести на кои можат да се појават илјадници луѓе. Таа опасност за Путин сега е решена, полето за можна, но сега уште помаглива револуција за смена на неговиот режим е расчистена уште повеќе, додава Камчев.

Се согласува дека санкциите не дејствуваат во краток рок и потребно е да поминат години, а кога се работи за таква масивна економија заснована на црпење нафта и природни ресурси што со радост по ниски цени ги купуваат Кина или Индија, можеби и цела деценија нема да биде доволна да се почувстува нивното влијание.

-Руската економија засега се покажа приспособлива, досегашните санкции се избегнуваат преку компании и операции во трети земји како овие две, но и од земји како Турција, ОАЕ, или Саудиска Арабија, која до неодмна се сметаа за блиски сојзници на САД. Руската економија пред војната беше длабоко клученово текот на глобалниот капитал за сега да бидек толку лесно изолирана. Путин апелира и до земјите од таканаречаниот „глобален Југ“. Дипломатскта иницијатива покажува некаков упсех – таму постои сомнеж во намерите на Западот, предводен од САД и ЕУ, (од кои некои земји се претставниците на Г-7), да ја помага Украина воено, и за воено решавање на конфликтот.  Многу земји од тој јужен блок бараат запирање на конфликот и задоволување на империјалстичките амбиции на Путин, односно Украина да ги предаде на Русија окупираните територи и да потпише мир под негови услови. Засега тоа ниту од далеку не изгледа за возможно, заклучува известувачот на МИА.

Францускиот весник „Фигаро“ наведе дека ненадејната смрт на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во оддалечен затвор, каде што издржувал 19-годишна затворска казна, предизвика многу шпекулации.

Неговите роднини ги обвинија руските власти дека го задржале неговото тело за да ги сокријат доказите, а неговата сопруга Јулија Навални, како и многу западни лидери, ги обвинија руските власти за неговата смрт.

Во извештајот што го напиша Сесил Тепер во споменатиот весник, се наведува дека оваа смрт, која се случила еден месец пред претседателските избори, била грешка за Москва, а Дмитриј Песков одговорил дека сите обвинувања се „сериозни и неосновани“. Централната канцеларија на Федералната затворска служба соопштила дека на тим лекари им е доделена задача да ја спроведе истрагата.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, изјави дека телото нема да му биде вратено на семејството 14 дена, што предизвика големо незадоволство кај мајката на поранешниот притвореник, која побара рускиот претседател Владимир Путин веднаш да го предаде телото на нејзиниот син.

Задржувањето што го објавија руските власти ги изненади специјалистите.

„Генерално, аутопсијата бара само неколку часа, можеби и еден ден во посложени случаи“, рекол Марк Аугсбургер, раководител на Одделот за токсикологија во Центарот за судска медицина на Универзитетот Роман во Лозана.

Шефот на токсиколошката лабораторија во болницата во Франција, Жан-Клод Алварез изјавил: „Не можеме да исклучиме дека имал срцев удар, пукнат крвен сад или белодробна емболија, а обдукцијата може да го утврди тоа“.

Н.П.

Слични содржини