Случај „Ровер“: Љубе Бошкоски ја напушти судницат

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Љубе Бошкоски ја напушти судницата под изговор дека не сака да му суди судијата Илија Трпков и ќе чека предметот Ровер да го преземе специјалната обвинителка Катица Јанева, како и предметот Кампања за кој Бошкоски одлежува казна, пренесе 24 Вести

120963

Инаку, за денеска по трет пат беше закажано судењето за случајот “Ровер” во кој за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, покрај другите, обвинет е и поранешниот министер за внатрешни и лидер на обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.  Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда, бидејќи во неа имало низа пропусти и неутврдена фактичка состојба.  Овој пат апелација им го укина притворот на обвиниетите Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ и Гоце Митревски.  Според пресудата на кривичниот, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ добија казна доживотен затвор, Вук Вукичевиќ доби 15 години затвор, Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци, првиот човек на обезбедувањето на Бошкоски, инспекторот Зоран Трајковски доби осум години и шест месеци, по седум добија Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ, а по пет години и шест месеци Гоце Митревски и Никола Негриевски.