Случај со родилката Веапоска: „Јас родив женско дете, а гинекологот Асани рекол дека породил машко“

од Nikola Popovski
374 прегледи

Во извештајот на Лекарската комора, гинекологот и директор на струшката болница Мухамед Асани рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Илдиз Веапоска, а сепак нејзиното дете е женско.

„Гледам дека доктор Мухамед Асани значи воопшто не знае со што сум се породила,така што јас го прашувам него и се запрашувам, дали тој учествувал во текот на операцијата на царскиот рез или пак учествувал само неговит син Блертон Асани кој беше специјализант кога ме оперираа мене.Зошто се сомневаш дека не присуствувал Асани? Затоа што Мухамед Асани во изјавата од  извештајот на лекарската комора кажува дека јас сум се породила со машки плод а јас имам женско дете дома“, вели Вепапоска.

Во извештајот на лекарската комора стои дека не се евидентирани пропусти при опрацијата, но и дека не можеле да го спорат крварењето кое се појавило и затоа и ги извадиле бубреготм матката и јајникот.

Инаку, во дадениот извештај не се напишани ниту имињата на петчлената комисија која што истиот го изработила и која не утврдила лекарска грешка при постапување на докторите.

Лекарската комора не утврди докторска грешка во случајот на Веапоска која од болница излезе без три органи.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска донесе решение за формирање Комисија за вршење на надзор на стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката Ј.В.

Комисијата, која е составена по барање на министерот, како што соопшти Министерството за здравство, има пет члена и има задача да изврши надзор над стручната работа на Општата болница во Струга, а во врска со дијагностиката и лекарскиот третман на пациентката. За извршениот надзор Комисијата во рок од осум дена од денот на завршување на надзорот над стручната работа треба да достави извештај до Министерството за здравство.

Слични содржини