Обвинителот Бурим Рустеми во своите заврши зборови во случајот ТНТ побара да се повлече дел од обвинението за ексминистерот Миле Јанакиески во случајот ТНТ, кој се однесува на незаконското рушење на објектот „Космос“.
Според обвинителот Рустеми, значајно е што Јанакиески во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација .
Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.
– Во однос на обвинетиот Миле Јанакиески, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите – изјави Рустеми.
За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба.