Случај „ТНТ “: Распит за осомничените од СЈО рушители на „Космос“

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Денеска во Основниот суд Скопје 1 е закажан распит на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, случај кој го отвори СЈО за рушењето на станбено – деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски.images(405)

Осомничените беа на распит во судот на 17 овој месец, но распитот се одложи на барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и доказите.

Мотивот за уривањето на објектот бил „одмазднички“, односно причина било тоа што Цаноски, лидер на ПЕИ, ја напуштил владината коалиција и преминал во коалиција со опозициската СДСМ.

Според Специјалното јавно обвинителство во случајот „ТНТ“, нарачатели на рушењето на станбено-деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

.Првоосомничена во овој случај е градежниот инспектор на Општина Гази Баба која почнала постапка за уривање. Направила мерење на височина на објектот, кое покажало дека градбата била повисока за 1,43 метри, но без да биде направен заштитен тротоар на градбата.

Во случајот осомничени се и тројцата членови на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а Специјалното јавно обвинителство предложи мерки за обезбедување до Кривичниот суд за сите осомничени.

Слични содржини