Случај ,,Тортура”: Завршни зборови на одбраната

од Берта Китинска
438 прегледи

Денеска во Кривичниот суд Скопје, одбраната и обвинетите во случајот ,,Тортура”, ќе ги дадат завршните зборови.

На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кои се товарат дека во 2011 година на нечовечки и понижувачки начин го привеле Лубе Бошкоски.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, а се однесува на аспењето на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошковски на 6 јуни 2011 година. Првообвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Слични содржини