Случај „Тргет-тврдина“: Поранешниот командир на ПС Карпош бара 20.000 евра оштета за незаконско прислушување

288 прегледи

Рочиштето за случајот „Таргет-тврдина“ е одложено за 9. декември.

На денешното рочиште сведочеше поранешниот командир на ПС Карпош, Бојан Величловски кој посочи дека кај него постои сомнеж за незаконско прислушување, па оттаму побарал од СЈО да се утврди истото.

„Точните причини зошто сум бил следен не ги знам, но може да претставувам дека локалната самоуправа во Карпош, во тоа време беше единствена власт од опозицијата. Со нив јас сум имал службен контакт, согласно работните задачи. Јас исто така бев дел од обезбедувањето на рушењето на „КОСМОС“ на тоа се сомневам, не дека специфично знам за што сум бил прислушуван“, истакна Величковски.

Исто така, Величковски вели и дека со полицијата е поврзан скоро четврт век.

„Ниту денар не сум зел од службата, или нешто друго. Во овој случај сум длабоко навреден. Побарувам оштетно побарување, барам 20 илјади евра во денарска противредност, посочи Величковски.

Овој случај е врзан за рушењето на комплексот Космос, во сопственост на Фијат Цановски. Оваа постапка ја вода судиите Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ, додека пак, обвинението го застапуваат обвинителите Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Слични содржини