Вториот син на кралицата Елизабета Втора „најмалку три пати му понудил помош на американското министерство за правда да биде сведок“, се вели во изјавата на неговите адвокати.
Принцот Ендру негирал дека сака да соработува со американското судство во истрагата за починатиот финансиер Џефри Епштајн, обвинет за трговија со малолетни лица, а неговите адвокати изјавиле во понеделникот тој „понудил да сведочи најмалку три пати“.
Во почетокот на март, јавниот обвинител на Менхетен соопштил дека војводата од Јорк, пријател на Епштајн, ја „прекина целата соработка“ со судството во САД во истрагата. Според информациите објавени во неделата на таблоидот „The Sun“ и американските медиуми, американското Министерство за правда испратило барање до британското Министерство за внатрешни работи да го принуди принцот да сведочи.
Таквото барање, доколку биде прифатено, би било „разочарувачко затоа што Министерството за правда (САД) не спроведува истрага за војводата од Јорк, кој неодамна ја повтори својата намера да сведочи“, забележале адвокатите.
„За жал, Министерството за правда одговори на првите две понуди со кршење на сопствената регулатива за доверливост“, се пожалиле тие, обвинувајќи го дека „можеби сака да се рекламира наместо да ја прифи понудената помош“. Принцот Ендру (60), кој веќе е на маки поради неговото пријателство со Епштајн, бил обвинет од Американката Вирџинија Џуфре, една од жените-жртви на покојниот филмски продуцент, за принудување да има секс со него додека била малолетна.
Кога компаниите и организациите со кои соработувал постепено се одрекуваа од него по интервјуто за кое се смета за катастрофално, Ендру во ноември 2019 година објави дека се повлекува од јавниот живот. Финансиерот Џефри Епштајн, кој бил обвинет за сексуална трговија од страна на федералниот обвинител на Менхетен во јули 2019 година, се обесил на 10 август во својата ќелија во затвор во Њујорк.