Заврши тридневното судење против Дани Алвеш поради обвиненијата за силување кон поранешниот дефанзивец. Во текот на три дена беа испрашувани сведоци и презентирани доказите собрани во текот на истрагата против дефанзивецот.
Бразилецот на почетокот на минатата година беше обвинет дека ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година, силувал 23-годишна млада жена во клуб во Барселона. Тој беше уапсен и следните 13 месеци ги помина во затвор, а во неколку наврати му беа одбиени барањата да биде ослободен.
Неколку пати ја менуваше верзијата, а во текот на самиот случај неговите адвокати повторно ја поддржаа тезата дека имало сексуален контакт, но тоа било консензуално.
Самиот Алвеш сведочеше, велејќи притоа „не сум таков човек, не сум насилен човек“.
Обвинителството побара максимална казна од 12 години. Се очекува во рок од еден месец да биде објавена пресудата за случајот, а потоа да биде обжалена од двете страни.
На крајот од случајот, адвокатите на Дани Алвеш повторно побараа од судот негово итно ослободување, предавајќи му го пасошот за да се осигура дека тој не може да ја напушти земјата и да ја избегне правдата.
Судот денеска треба да се произнесе по тоа барање.