418
„Денеска извршителите на убиството на Никола Саздовски, од Апелациониот суд добија намалување на казните од 19 на 16 години. Оти биле превисоки??? Сега ќе следи врховен…“, објави адвокатот на семејството на Саздо, Ванчо Шехтански на својот Фејсбук профил.
За убиството на Саздо беа осудени Бесир Беља и Скендер Демири, додека третиот Јетон Љужа е недостапен.
Бела и Демири, првично беа осудени на затвор од по 19 години за убиство на свиреп начин. Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години на автобуската постојка во населбата Автокоманда.