Слупчанци се многу поголеми патриоти од ВМРО-ДПМНЕ, имаат поголем придонес за еднаквоста и иднината на државата, кажа Бектеши

од Vladimir Zorba
289 прегледи

„Демантирам дека претставници од Министерството за економија, јас лично или некој од Владата учествувал на преговорите меѓу преставниците на с.Слупчане и ЕВН. Но, имајќи во предвид заложбите на Владата, како институции кои ја следат енергетиката генерално, ние секогаш даваме пораки во насока на тоа  да се намалат загубите во ниво на државата затоа што тоа е интерес и на целата држава и на граѓаните. И, ако треба да помогнеме како Министерство за економија ќе помогнеме, за да излеземе во пресрет на жителите не само во Слупчане туку и во другите населени” – кажа министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната изјава за медиумите.

Исто така, Бектеши истакна дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нетрпливост и нееднаквост не поминуваат.

„Намерата за да се оцрнат Слупчанци, преку споделување на лажни вести со цел да се добијат политички поени на национална карта, се демантираат и во минатото и со сегашноста. Секој жител на село Слупчане е повеќекратно поголем патриот од ВМРО, со поголем придонес за еднаковста и иднината на државата.Пред да ги оцрнат другите нека објаснат пред граѓаните за начинот како плаќат електрична енергија општините и ЈКП раководени од нивните кадри, загуби коишто се МНОГУ поголеми од загубите на ниво на државата за електрична енергија“ – кажа Бектеши при денешната изјава за медиумите.

Слични содржини