Синоќа жителите на Слупчане со палење на гуми на патот го блокирале влезот на екипите на ЕВН. Според информациите, селото е во тотален мрак поради неконтролирани кражби на струја, по што ЕВН Хоме ја исклучила електричната енергија.
Од ЕВН потврдиле за прекинот во снабдувањето со струја.
Пред речиси еден месец, исто така имаше блокади на влезот на селото. Според ЕВН, вкупните годишни загуби поради кражби во село Слупчане изнесуваат над милион евра. 80 отсто од годишната потрошена енергија се краде, а само третина од 20% фактурираната енергија се наплаќа.
Со проблеми со кражби на струја и наплата екипите на ЕВН се соочуваа и во скопско Арачиново. Проблемот таму е надминат и се работи на модернизација на мрежата. Пред почнување на проектот за реконструкција минатата година кражбите во Арачиново изнесуваа 80 %. Сега се очекува тие да се сведат на околу 10%.