255
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец П.М., Неговиот угостителски објект во гостиварско Беловиште работел по дозволеното време и во него престојувале осум гости. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за документирање на случајот.
По ова, наведуваат од СВР Тетово, ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, додека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат.