Смаиловиќ: Бројни семејства се без примања затоа што опозицијата си игра мајтап со блокадата на 5-тиот пакет мерки

од Nikola Popovski
298 прегледи

„16-ти март, помина рокот за исплата на плати а бројни компании не можат да ги исплатат платите за февруари“, објави активистката Мерсиха Смаиловиќ, наведувајќи дека тоа е по вина на опозицијата.

„16-ти март а бројни семејства се без примања само затоа што опозицијата мајтап си игра со блокадата за гласање на 5-от пакет мерки. Што нè блокирате кога некои привилегии на јавните функционери се во прашање, туку сега кога обичниот работник очајно чека да земе плата од 15000 денари. Не сте виделе и осетиле сиромаштија затоа сте така аздисани!“, стои во нејзината објава на Фејсбук.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера изјави дека во ситуација во која на луѓето, на нашите сограѓани им е потребна поддршка, ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана и сакаат да постигнат политички поени.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ го поддржува петиот пакет на економски мерки ќе се откаже од блокадите и ќе дозволи нормална работа на Собранието, на крај на денот тоа е нивна одговорност и нивна работа, а да кажат дека ќе ги поддржат ама нека видат овие другите за кворум во период на здравстевна криза јас тоа не го разбирам“, порача Битиќи.

Слични содржини