270
„Минималната казна за ова дело е 10 години. Судот ги ублажи, што се навистина ниски за Обвинителството. Изненадена сум бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилниот чин се дадоа многу високи казни“, изјави обвинителката Гордана Смаќоска, по донесувањето на пресудите за случајот „Организатори на 27 април“.
Според неа, одговорот на прашањето зошто олеснителните околности преовладувале во овој случај кај едно вакво кривично дело, ќе го образложи судијата.
„Не смееше судот да си дозволи пониска казна од 10 години и ние како Обвинителство ќе поднесеме жалби“, рече Смаќоска.
Кривичниот суд Скопје денеска ја објави пресудата за ,,Организаторите на 27 април” и обвинетите ги осуди на вкупно 25 години затвор.