Првиот паметен телефон со екран на преклопување веќе е факт, но барем во моментот нивната
висока цена ги одалечува од повеќето кориснци.

Производителите на ваков тип панели се свесни за проблемот и веќе работат напорно за да ги
намалат трошоците за производство и, соодветно, цената на финалниот производ.
Кинескиот концерн BOE, еден од најголемите на пазарот, вели дека цените на паметните телефони
со дисплеи на преклоп ќе се намалат релативно брзо. Заменик-претседателот на компанијата, Јан
Ју е на мислење дека до 2021 година таквите уреди ќе чинат околу 10.000 јуани, што е околу 1.490
долари.
Ју, исто така, потврди дека Huawei, најверојатно, наскоро ќе влезе на пазарот на паметни
телевизори, откако не негираше дека компанијата купила ТВ панели од BOE.